Тоа што функционира

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Тоа што функционира“ (англиски: Whatever Works) — американски филм од 2009 година, во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Лари Дејвид, Еван Рејчел Вуд, Патриша Кларксон и Ед Бегли Џуниор.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

По неуспешниот обид за самоубиство, генијалниот њујоршки мизантроп Борис Јелникоф (го игра Дејвид) се одрекува од отмениот живот и се вселува во скромен стан во Кинескиот кварт. Тој ја запознава Мелоди (ја игра Вуд) која е потполно спротивна на него: убавица од Југот на САД, која не може да се пофали со многу памет. Борис и Мелоди се венчаваат, но состојбата се усложнува кога ќе се појави мајка ѝ на Мелоди (ја игра Кларксон) која е голема верничка...

Наводи[уреди | уреди извор]