Термохемиски равенки
Термохемиските равенки претставуваат израменти стехиометриски хемиски равенки кои во себе ја вклучуваат и промената на енталпијата (ΔH) на хемиската реакција. Со термохемиските равенки се означува колкав е топлинскиот ефект во еден систем на хемиска реакција.[1]
Една термохемиска равенка изгледа вака:
- A + B → C
- ΔH = (±) #
Во горната равенка А и B претставуваат реактанти, а C претставува производ на реакцијата. Со ΔH = (±) # е обележана промената на енталпијата на реакцијата.
На пример, во реакцијата на неутрализација на хлоровородна киселина со натриум хидроксид, обичната хемиска равенка е претставена на следниов начин:
- HCL + NaOH = NaCl + H2O
Оваа равенка ниту квалитативно не може да го опише топлинскиот ефект. Термохемиската равенка за горниот процес изгледа вака:
- HCl(aq) + NaOH(aq) = NaCl(aq) + H2O(l) ΔH + '57,4 kJ-mol
Според тоа, термохемиската равенка е многу слична на обичната (стехиометриска) равенка, со тоа што во неа се дава и агрегатната состојба на учесниците во реакцијата. Тоа се прави така што зад формулата се додава (во заграда) ознаката на агрегатната состојба (g, l или s) со што се зоначува гасовита, течна или цврста состојба, соодветно, а за супстанците што се наоѓаат во воден раствор се употребува ознаката aq. Исто така, термохемиската равенка содржи и величински дел во кој е дадена големината на реакционата енталпија. Овој дел се пишува или веднаш во продолжение на стехиометрискиот дел (најчест случај) или под него.[2]
При манипулација со термохемиските равенки треба да се води сметка за следните аспекти кои подолу се дефинирани како прв и втор термохемиски закон.
Прв термохемиски закон
[уреди | уреди извор]Количеството на енергија што се ослободува (или апсорбира) при една термохемиска реакција од реактантите кон производите е еднакво со количеството на енергија што се апсорбира (или ослободува) во процесите на претворба на производите во (појдовните) реактанти, но со спротивен знак.
Втор термохемиски закон
[уреди | уреди извор]При преминувањето на некој хемиски систем од една определена почетна состојба во друга конечна состојба, ослободеното или апсорбираното количество на енергија не зависи од падот на реакцијата, односно ќе биде исто без разлика дали реакцијата се одвива дирекно или во повеќе степени.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Практични вежби Архивирано на 9 ноември 2008 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 23.
- ↑ Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 24.