Телевизиска мрежа (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Телевизиска мрежа“
Networkmovie.jpg
филмски постер
РежисерСидни Ламет
ПродуцентХауард Готфрид
СценаристПеди Чаефски
НастапуваатФеј Данавеј
Волијам Холден
Питер Финч
Роберт Дивал
Нед Бити
Беатрис Стрејт
МузикаЕлиот Лоренс
КинематографијаОувен Ројцман
МонтажаАлан Хејм
ДистрибутерСАД: MGM (кино), Warner Bros. (преку Turner Entertainment) (DVD)
надвор од САД: United Artists (кино), MGM (DVD)
Премиера27 ноември, 1976
Времетраење121 мин.
Јазиканглиски
Буџет$ 3,800,000

Телевизиска мрежа е филм од 1976 за фиктивна телевизиска мрежа, „Јунион бродкастинг систем“ (UBS), и нејзината борба со ниските рејтинзи. Филмот е напишан од Педи Чаефски а режиран од Сидни Ламет. Во филмот играат познати ѕвезди како Феј Данавеј, Вилијам Холден, Питер Финч, Роберт Дивал, Весли Ади, Нед Бити и Беатрис Стрејт. Филмот освоил 4 оскари, вклучувајќи Оскар за најдобар актер, Оскар за најдобра актерка, Оскар за најдобар спореден актер и Оскар за најдобро оригинално сценарио.

Телевизиска мрежа продолжува да добива признанија, декади после првото прикажување.

Заплет[уреди | уреди извор]

Приказната започнува со долгогодишниот главен водител на „Вечерните ЈуБиЕс вести“, кому му остануваат уште две недели во етерот, кој во живо најавува дека на следните вести ќе изврши самоубиство. [1]

ЈуБиЕс веднаш го отпуштаат после инцидентот, но на иницијатива на продуцентите за последен пат го пуштаат во живо за достоинствено да се поздрави со публиката. Напротив, тој ја користи емисијата за да се жали колку животот му е „срање“. Иако има сериозни реперкусии после овој настап, рејтингот на телевизијата неочекувано пораснува, а водителот останува на работа.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бидејќи Чаефски почнал да го пишува сценариото истио месец кога Кристин Чабик се самоубива во живо на телевизија, во книгата Новинарство во филмовите (ISBN 0-252-02934-8), се шпекулира дека тоа било инспирација на сценаристот.