Тајна мисија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тајна мисија — збирка раскази на македонскиот писател Влада Урошевиќ од 2014 година.

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 21. раскази во кои авторот го продолжува својот интерес за фантастиката, за необичното и чудесното во литературата. Притоа, Урошевиќ ја потврдува својата супериорност кога станува збор за раскази во чие средиште се наоѓа приказната и, во манир на голем мајстор, тој владее со сите клучни аспекти на приказната, од поставувањето на атмосферата, карактеризацијата и односите меѓу ликовите, третманот на детаљите, до развојот на дејството, заплетот и кулминацијата, која често изненадува, но никогаш не е немотивирана и не ја изневерува логиката на расказот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 21.