Талибанска офанзива (2021)
Талибанска офанзива во 2021 година, наречена уште и летната офанзива — воена офанзива на талибанската бунтовничка група и други милитанти сојузници против Исламската Република Авганистан, со која паднала републиката со седиште во Кабул и бил означен крајот на речиси 20-годишната војна во Авганистан, која започнала по инвазијата на Авганистан од САД.
Офанзивата започнала на 1 мај,[1][2] за време на повлекувањето на американските војници и меѓународните сојузници од Авганистан.[3] За три месеци од почетокот на офанзивата, талибанците постигнале значителни територијални придобивки во поруралните места, зголемувајќи го бројот на области под нивна контрола од 73 на 223. На 6 август талибанците лансирале напади врз главните градови на покраините, при што повеќето градови се предале без борба.[4] Овој дел од офанзивата кулминирал на 13 август со победи на талибанците во повеќенеделните битки за големите градови како Херат, Кандахар и Лашкарга.[5] На 15 август претседателот Ашраф Гани го напуштил Авганистан,[6] а талибанците го зазеле главниот град Кабул без отпор. Така, владата на Исламската Република Авганистан паднала,[7] при што де факто власта во земјата била преземена од талибанците и бил возобновен Исламскиот емират Авганистан.[8][9][10]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Taliban launches major Afghan offensive after deadline for U.S. pullout“. Reuters. 4 May 2021. Архивирано од изворникот 10 August 2021. Посетено на 7 August 2021.
- ↑ De Luce, Dan; Yusufzai, Mushtaq; Smith, Saphora (25 June 2021). „Even the Taliban are surprised at how fast they're advancing in Afghanistan“. NBC News. Архивирано од изворникот 7 July 2021. Посетено на 8 July 2021.
- ↑ Robertson, Nic (24 June 2021). „Afghanistan is disintegrating fast as Biden's troop withdrawal continues“. CNN. Архивирано од изворникот 9 July 2021. Посетено на 9 July 2021.
- ↑ George, Susannah (16 August 2021). „Afghanistan's military collapse: Illicit deals and mass desertions“. The Washington Post. Архивирано од изворникот 16 August 2021. Посетено на 17 August 2021.
- ↑ „Mass Afghan government surrenders as Taliban fighters overrun three key cities in sweeping territorial gains“. Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 2021-12-09.
- ↑ „Afghan president says he left country to avoid bloodshed“. Reuters (англиски). 15 August 2021. Архивирано од изворникот 15 August 2021. Посетено на 16 August 2021.
- ↑ Seir, Ahmed; Faiez, Rahim; Akghar, Tameem; Gambrell, John (15 August 2021). „Official: Taliban negotiators head to presidential palace“. Associated Press. Associated Press. Архивирано од изворникот 15 August 2021. Посетено на 15 August 2021.
- ↑ „Taliban sweep across Afghanistan's south, take 3 more cities“. AP News (англиски). 13 August 2021. Архивирано од изворникот 13 August 2021. Посетено на 13 August 2021.
- ↑ Akhgar, Tameem; Faiez, Rahim; Krauss, Joseph (14 August 2021). „Taliban capture key northern city, approach Afghan capital“. Associated Press News. Архивирано од изворникот 14 August 2021. Посетено на 14 August 2021.
- ↑ „Taliban gains control of Jalalabad, one of two cities in Afghan control“. The Jerusalem Post | JPost.com (англиски). Архивирано од изворникот 15 August 2021. Посетено на 15 August 2021.