Тадатомо Хонда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тадатомо Хонда

Тадатомо Хонда (本多 忠朝, според јапонскиот систем на презиме-име: Хонда Тадатомо) платеник на јапонскиот клан Токугава од Периодот на Азучи - Момојама во XVI век до Периодот на Едо во XVII век. Тадатомо бил помладиот син на познатиот Тадакацу Хонда, еден од Четворицата чувари на Токугава.[1] Тадатомо примил посед од 100,000 коку (мерка за површина) кај Отаки во Покраината Казуса по 1600 година. Во 1609 година Тадатомо го примил Дон Родриго, кој бил шпанскиот управник на Манила.

Во текот на 1615 година, Тадатомо се борел многу храбро за време на Битката кај Теноџи. Тој го предводел напад што довело до смртта на Кацунага Мори. Самиот Тадатомо не ја преживеал битката.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Honda Tadatomo“. Kotobanku (јапонски). Asahi Shinbun. Посетено на 29 август 2020.