Таблета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Разни таблети

Таблетите претставуваат понови фармацевтски облици, чија продукција почнала кон крајот на 19 век, кога биле конструирани машините за таблетирање. Првите машини биле рачни, а таблетите не се распаѓале добро, па во 1880 година, кога се откриле особините на скробот да може со набабрување да влијае на нивното распаѓање, почнува ерата на таблетите. Така, во Ph. Jug. II има официнелни 28 видови таблети, додека по Ph. Jug. III повеќе од 100 видови, а исто така повеке илјади видови се произведуваат во фармацевтските фабрики. Зборот TABLETTAE произлегува од латинскиот збор ТАБУЛА, што значи плочка, а бидејќи се добиваат со пресување (компресија), во некои фармакопеи се среќаваат и под името COMPRESSI. Поради можноста лесно да се земат (во повеќе случаи не е потребна медицинска установа, туку секој пациент може дома и секаде да ги употреби; лесно се чуваат и транспортираат, постабилни се можат точно да се дозираат итн.), таблетите заземаат половина од сите фармацевтски облици. Според Ph. Jug. III таблетите се дозирани, кoмпримирани лековити препарати, добиени со пресување на лековити прашоци или гранулат. Се изработуваат како тврди, најчесто тркалезни плочки со рамна или испапчена површина.

Поделба на таблетите според намената[уреди | уреди извор]

  • орални таблети
  • таблети кои дејствуваат локално или се ресорбираат во дигестивниот тракт
  • таблети кои дејствуваат локално на слузницата или се ресорбираат преку слузнивата на устата
  • таблети за изработка на раствори
  • за инјекциони раствори,
  • за раствори за надворешна употреба,
  • за раствори реагенси,
  • таблети за инплантирање
  • таблети што се ставаат во шуплините на телото
  • таблети со пролонгирано дејство

Поделба на таблетите според PH. JUG. III[уреди | уреди извор]

  • TABLETTAE – TABULETTAE, Tablettae perorales – Tablettae stomachales

Овие таблети се наменети за интерна употреба преку устата (per-os). Можат да се голтаат цели нерастворени или пак растворени во вода. Таблетите се добиваат со пресување на лековити прашоци или гранулат, поради што се викаат и Compressi perorales. Овој вид таблети е најчест и најмногу се приметува, бидејќи и технологијата им е едноставна (се изработуваат машински) и се најевтини. Околу 70% од сите видови таблети отпаѓа на нив.

  • LINGUALETTAE, Tablettae sublinguales – Resoriblettae

Ресорпцијата на лингвалетите се одвива преку слузницата на устата. Формата им е тркалезна, биконвексна,помали се, а во нив се содржат активни материи на кои не им штетат ферментите на плунката, а такви се: разни вазодилататори, разни хормони, супстанции кои би се разградиле во желудникот. Лингвалетите не содржат средства за распаѓање, бидеќи сами постепено се распаѓаат во време 5-30 минути, а распаѓањето се одвива под јазик или со шмукање.

  • VAGINALETTAE, Tablettae vaginales

Самото име кажува дека овие таблети се употребуваат за лекување на заболената вагина – па најчесто лековити супстанции во нивниот состав се дезингицирани. Огликот на вагиналетите е различен: овален, јајчест, долгавест итн. Вагиналетите имаат заоблени рабови за да не ја оштетат слузницата на вагината. За да имаат овие таблети подолго дејство, треба постепено да се раствораат во вагиналниот секрет, поради што се додаваат помошни средства, како што се: лактоза, гликоза и др. Вагиналетите се испитуваат на распаѓање во раствор на лактат на 37 степени C и мора да се распаднат за 20 минути. Постојат и посебен вид вагиналети – IRIGABLETTAE, од кои се прават расвори, а кои се употребуваат во гинекологијата. Порано покрај овие видови таблети, официнелни по Ph. Jug. III, се среќаваат и други видови на фармацевтска практика, официнелни по фармакотеите на другите држави.

Помошни средства при изработка на таблети[уреди | уреди извор]

  • Средства за лизгање

Се состојат од материи што на прашоците ќе им овозможи подобро лизгање, а воедно подобро излегување на таблетата од матрицата, со што се избегнува евентуалното лепење на прашокот и гранулатите за нејзините ѕидови. Ph. Jug. III како средства за лизгање ги препишува: талкот (2-4% најчесто), Mg-стеарат, стеаринската киселина, Cacao oleum. Посебна група средства за лизгање помеѓу таблетите и матрицата се LUBRIKANSI (талк, парафин).

  • Средства за распаѓање

Претставуваат одделни или пак група супстанции кои имаат цел да ја распаднат таблетата во вода или во дигестивниот тракт. Распаѓањето на таблетите има за цел да ја ослободи активната материја за да може таа во одредено време да дејствува. Таквите средства имаат својство да набабруваат, а по Ph. Jug. III официнелни се следниве средства: скробот, агарот, разни неоргански супстанции (Weegum, Aerosil, Bentonit и др.). Често пати е потребно да се зголеми набабрувањето, а со тоа и распаѓањето. Тоа го вршиме со средства за влажнење, како што се 3% glycerol, 70% сорбитол, а како средства за натопување Тween-ови, Na-лаурил сулфат.

  • Средства за боење

Се истите што се употребуваат во прехрамбената индустрија. Суштината на обоените таблети е да се добие подобар изглед, да се разликуваат меѓусебно а најчесто во индустријата одредена боја е каракеристична на некоја фабрика за лекови.

  • Средства за kоригирање на вкус и мирис

Се од најразличен карактер (етерични масла, шеќери, сахарин и др.).

  • Средства за полирање

Се додаваат за да имаат таблетите подобар сјај, а според Ph. Jug. III такви средства се: восоци, парафини, полиетилен гликоли и др

Изработка на таблети[уреди | уреди извор]

Изработката на таблетите денес достигнала висок тепен на совршеност и може да биде различна, во зависност од нивниот вид. Таа вклучува низа операции: сушење, агромерација, иситнување, пресување, хомогенизација, компримирање, обложување и полирање. Земаќи ја предвид заедничката основа за изработка, која се состои во компресијата, разликуваме два основни начини на изработка и тоа:

  • изработка со директно компримирање,
  • изработка со компримирање на гранулат.

Директно компримирање[уреди | уреди извор]

Напред спомнавне дека мал број активни материи можат директно да се компримираат, бидејќи за компресија е потребно прашочните материи да имаат одредени физички особини, односно да имаат кристална структура која е погодна при компресијата. Меѓутоа вака добиените таблети имаат поголема цврстина и тешко се распаѓаат па затоа треба да им се додаваат и средства за распаѓање (скроб). За да се избегне подолгата технологија денес се изработуваат супстанции со одреден степен на кристализација.

Компримирање со гранулат[уреди | уреди извор]

Тоа се најчести случаи при изработката на таблетите. Суштината на гранулацијата се состои во тоа прашочните материи со лоши физички особини да ги окрупни, а тоа да ги направи попогодни за компресија – бидејќи гранулатот полесно минува низ дизните и подобро и порамномерно ја полни матрицата. Постои сув и влажен метод за гранулација.

  • Сува гранулација:

Се користи кога се сака таблетите да немаат голем волумен или пак за да се избегнат некои моменти во изработката (влага, температура) на кои се чувствитени одделни супстанции (витамини, препарати од дроги). Процесот се состои во формирањето на таблети со поголема димензија наречени – брикети, кои потоа се кршат, иситнуваат, сеат и одново се таблетираат.

  • Влажно гранулирање:

Се изведува со додавање на средства за врзување во течна состојба или со додавање на некој растворувач за врзување во течна состојба или со додавање на некој растворувач (вода,вода-етанол, етанол и др.). По вообичаеното мешање на активните прашочни материи и средствата за дополнување, се врши навлажнување со средства за врзување. Влажната маса се протерува низ специјални сита (гранулирка) со што се добива влажен гранулат кој треба да се суши, но не сосема, бидејќи не ќе биде погоден за таблетирање. Сушењето се врши во автоматски сушници на температура до 50 степени C или во собна сушница на тацни на температура од 30-40 степени C, во зависност од стабилноста на активната компонента. (Гранулатот за капсулите треба да биде многу посув отколку оној за таблетирање).

Машини за таблетирање[уреди | уреди извор]

Според начинот на работа, машините за таблетирање може да ги наредиме во две основни групи:

  1. Ексцентрични,
  2. Ротациони
Ексцентричните машини ги претставуваат првите машини кои служеле за таблетирање. Тие прво биле рачни, а денес сите се на електричма струја. Иако доста застарени, овие машини и денес можат да се сретнат во одделни таблетни одделенија, не поради тоа што се уште добро служат, туку и поради фактот што одреден вид таблети подобро се изработуваат на овие машини.
Ротационите машини се најмногу во индустријата бидејќи поголемиот број подвижни матрици (ротационен диск), кои може да ги има и до 50,овозможуваат големо производство (некои дури и до 1 милион таблети на час). Ваквите модерни машини се состојат од повеќе операции (сеење, проветрување, влажност и др.).