Суфлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суфлер со неговата книга на шепкање, 1936

Суфлер[1][2] или театарски шепкач - лице кое им шепоти на глумците, им го „дофрла“ текстот на нивните улоги за време на пробите и изведбите. Суфлерот користи т.н. книга на шепкање, која го содржи целосниот текст на претставата, како и неговите белешки и ознаки за паузи во интерпретацијата на глумецот.[3]

Некои бини ја задржале т.н. шепкачка школка, во која суфлерот би бил скриен од публиката и можел да им шепка на глумците, но во современиот театар вообичаено е суфлерот да се смести од страната на сцената, зад кулисите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]