Сувенир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сувенири од Јукатан, Мексико
Продавница за сувенири во Мостар

Сувенир (француски: souvenir) е предмет кој се купува на патување за спомен[1] на одреден  настан, место или лице. Сувенирите треба да носат посебна ознака за туристичките дестинации од каде што потекнуваат, автентичност и лесна препознатливост, како и да даваат една поширока слика за земјата, регионот или местото од каде потекнуваат. Бидејќи сувенирот е вистински доказ за таа средина, значи дека треба да е во неа произведен.[2]

Основни карактеристики[уреди | уреди извор]

Цел на патувањето не е купување на сувенир, но помага што подолго да останат во сеќавање пријатните доживувања од тоа патување. Сувенирот  треба да биде:

  • со релативно мала големина (лесен за пренесување)
  • погоден за масовно производство
  • особено естетски изработен
  • релативно ефтин

Предметите што служат како сувенири[уреди | уреди извор]

  • Разгледница
  • храна и пијалаци типични за посета на крајот, во точно пакување, во мала амбалажа: ракија или вино, тегла мед, компоти, џемови или слатка
  • најчесто купувани сувенири се: маици, капи, шапки, пенкала, пепељари, запалки, приврзоци, календари, обележувачи на страници, со име или слика на местото или настанот
  • во современи сувенири спаѓаат: CD, DVD презентации, видео материјали, книги, брошури, монографии, графики, поштенски марки, магнети за фрижидери
  • предмети од занаетчии, како: делови од народни носии или кукли во народни носии, музички инструменти или нивни минијатури
  • индустриски производи, особено кога процесот на производство е карактеристичен за одреден регион[3]
  • предмети кои биле користени порано или денес се користат во домашна употреба: престилки, дрвено лажиче, даска за сечкање, крпи за кујна, чаши, шољи, подметачи за чаша, бокали, декоративни чинии.
  • реплика на културни и историски споменици, скулптури, објекти кои го претставуваат симбол на посетените места[4]
  • музејски сувенири и сувенири од други посетени културни институции, како што се библиотеките, можат да бидат копии на она што се чува во таквите институции[5][6]

Значење на сувенирите[уреди | уреди извор]

Сувенирите имаат функција на задоволување на туристичките потреби, што влијае врз зголемувањето на туристичката потрошувачка и може да претставуваат значаен извор на приход за локалните жители.

Штетни сувенири[уреди | уреди извор]

Сувенирите се штетни доколу туристите однест културно или природно богатство, ретки и загрозени животни, растенија, а понекогаш и „само“ одредени камења. Некои држави даваат високи казни за лов или намалување на заштитените типови, за тоа ги известуваат јавните медиуми, односно ги советуваат туристите да не купуваат или не земаат такви подароци, дури и кога не се работи за загрозени видови, со цел да се зачува природата, биодиверзитетот или културното богатство.[7][8]

Освен тоа некои сувенири, сами по себе, можат да бидат штетни, особено кога посетителите немаат доволно информации за она што сакаат да го земат со себе.[9][10][11]

  1. Иван Клајн, Милан Шипка (2008). Велики речник страних речи и израза (четврто издание). Нови Сад: Прометеј. стр. 593,1498. ISBN 978-86-515-0311-8. 
  2. Анђелија Ивков-Џигурски; Ковачевић, Тамара; Лолита Закић (2008). „Сувенири као део културног наслеђа становништва у функцији туристичког производа Оригиналан научни рад“ (пдф). doiserbia.nb.rs. Гласник српског географског друштва, свеска LXXXVIII- Бр. 4. конс. 8. 9. 2013. 
  3. „Пријава за сувенир - формулар“ (PDF). suvenirisrbije.com. конс. 9. 9. 2013. 
  4. „Београдски сувенир“. tob.rs. Архивирано од изворникот на 21. 09. 2013. конс. 9. 9. 2013. 
  5. „Сувенири помажу музеје“. РТС.рс. РТС. 29. 7. 2013. конс. 9. 9. 2013. 
  6. „Представљени сувенири Народне библиотеке Србије“. nb.rs. Народна библиотека Србије. 18. 5. 2012. конс. 9. 9. 2013. 
  7. Залена Истра. „Ровињ - заштићене морске врсте“. inforovinj.com. Инфо Ровињ. конс. 9. 9. 2013. 
  8. Залена Истра (27. 7. 2009). „Правилник о проглашњвању дивљих својти заштићеним и строго заштићеним“. narodne-novine.nn.hr бр. 70/05. narodne-novine.nn.hr. конс. 9. 9. 2013. 
  9. „Аврам Израел - Добио сам рак као сувенир из бомбардовања“. opstinasokolac.net. Општина Соколац. 25. 3. 2013. конс. 9. 9. 2013. 
  10. веле, Дојче (31. 3. 2013). „Осиромашени уранијум отровао БиХ: Срби из Хаџића масовно умиру од рака“. rtrs.tv. РТРС. конс. 9. 9. 2013. 
  11. „Гипс као сувенир: Кристијано Роналдо 11-годишњем фану сломио руку“. srednja.hr. 26. 7. 2013. конс. 9. 9. 2013. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Иван Клајн, Милан Шипка (2008). Велики речник страних речи и израза (четврто издание). Нови Сад: Прометеј. стр. 593,1498. ISBN 978-86-515-0311-8. 

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]