Прејди на содржината

Стурлиен (железничка станица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Железничка станица Стурлиен 2011
Железничка станица Стурлиен 2011
Железничка станица Стурлиен
Железничка станица Стурлиен

ЖС Стурлиен (шведски: Storlien station, норвешки: Storlien stasjon) — железничка станица сместена во Стурлиен во општината Аре, Шведска. Се наоѓа на 3,5 километри источно од границата Норвешка - Шведска, таа служи како станица за промена помеѓу норвешката линија Мерокер и шведската централна линија (вистинската граница на сопственост и промена на името помеѓу линиите е на националната граница). Надморската височина е 592 метри и претставува највисоката сместена станица во Шведска. Станицата е 105,97 километри оддалечена од Трондхајм, 358 километри од Сундсвал и 748 километри од Стокхолм. Станицата и целата линија Естерсунд -Трондхајм била инаугурирана од кралот Оскар II во Стурлиен 1882 година. Селото Стурлиен е првенствено скијачки центар и гранично пазарно место.

Иако шведската железница е електрифицирана до границата, норвешката линија не е, така што целата услуга за Норвешка морала да биде реализирана со воз на дизел. Од 2013 година е донесена одлука за електрификација на норвешката железница, договорите биле доделени во 2021 година, а електричните услуги требало да почнат да работат од 2023/2024.[1]