Стојко Златески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојко Т. Златески (1922 во Зркле, Порече — 20 април 1945 во Кајгана, Сремски Фронт) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Стојко Златески бил роден во 1922 година во селото Зркле кај Македонски Брод. По занимање бил земјоделец. Од септември 1944 година активно се вклучил во НОБ. Станува борец на 15ти македонски корпус. Учествува во борбите на Сремскиот фронт, и загинува во борбите кај Кајгана на 20 април 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Ристески, Милан (1982). Порече низ историјата. Скопје: Нио ,,студенски збор. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)