Прејди на содржината

Станко Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Станко Георгиев
Роден 1954
Чешиново, Македонија Македонија
Занимање сликар

Станко Георгиев (Чешиново, Кочанско 1954 - ) — македонски сликар.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Станко Ѓорѓиев дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Петар Мазев, член е на ДЛУМ од 1984 година. Учесник е на бројни самостојни изложби и преку 80 групни изложби во Македонија во Скопје, Кочани, Струмица, Штип, Струга, Охрид, Гевгелија, Куманово и надвор од државата, меѓу кои и самостојна изложба во Софија. Добитник е на значајни ликовни награди во Скопје и Тузла.

  • Награда „Константин Мазев - Коце“ на Културно-информативниот центар во Скопје (2012)
  • Награда на петтото меѓународно биенале „Цртеж - портрет“ во Тузла, БиХ (1988)
  • Награда од Ликовната галерија на ДЛУМ „Цртежи“ (1986)
  • Награда за сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1984)
  • Награда Млади ликовни творци на Македонија (1982)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]