Срце од стакло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Покриен пехар, Германија, Потсдам, 1725-1735, златно рубин стакло - Метрополитен музеј на уметноста - Њујорк - DSC07011

Срце од стакло (германски: Herz aus Glas) - германски филм од 1976 година во режија на Вернер Херцог, снимен во 18 век во Баварија. Филмот го напишал Херцог и делумно дејството е засновано на приказната на Херберт Ахтербус. Главниот лик е Хиас, создаден врз основа на легендарниот баварски пророк Михлхиасл. Филмот трае 94 минути.

Заплет[уреди | уреди извор]

Во филмот се работи баварски град од 18 век со фабрика за производство на стакло која произведува брилијантно црвено рубино стакло. Кога умира главниот мајстор за производство во фабриката, тајната за производство на рубинското стакло е изгубена. Локалниот барон и сопственикот на фабриката е опседнат со рубинското стакло и верува дека тоа има магични својства. Со губењето на тајната, тој наскоро полудува заедно со останатите граѓани. Главниот лик е Хиас, човек кој има супер моќ, односно кој може да гледа во иднината и живее на ридовите, кој предвидува уништување на фабриката во пожар.