Данок на добивка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Обврзници на данокот на добивка се сите претпријатија (домашни и странски) како пра...
(нема разлика)

Преработка од 19:50, 4 мај 2013

Обврзници на данокот на добивка се сите претпријатија (домашни и странски) како правни субјекти кои остваруваат добивка, односно профит од дејноста што ја извршуваат.

Како предмет на оданочување се јавува добивката, односно профитот кој се утврдува како разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи, согласно сметководствените прописи и законот за данок на доход. Даночната основица е износот на добивката, односно профитот.