Прејди на содржината

Сончогледи (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Сончогледи“ (српски: Сунцокрети) — југословенски филм од 1988 година, во режија на Јован Ранчиќ. Главните улоги ги толкуваат: Драгомир Фелба, Радош Бајиќ, Татјана Бељакова, Олга Одановиќ и Петар Краљ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Осамениот старец Јова, пензиониран чевлар и вдовец, кој е запоставен од синот и снаата, ја запознава тинејџерката Тања која сака да му помогне. Неговата почетна недоверба постепено прераснува во вистинско пријателство. Кога другарите на Тања дознаваат дека таа му помага на дедо Јова, тие се договараат да го направат истото и така создаваат група наречена „Сончогледи“ чија мисија е да им се помогне на старите луѓе.

Наводи[уреди | уреди извор]