Снеферка
Изглед
Снеферка | |
---|---|
Неферсека, Секанефер, Неферкаес | |
Фараон на Египет | |
Владеел | кратко, околу 2900 г.п.н.е., крај на Првата династија |
Снеферка раноегипетски фараон од Првата династија. Точната должина на неговото владеење не е позната, но се смета дека владеел многу кратко. Неговата хронолошка позиција е нејасна исто така.
Неговото име има неколку различни читања, се чита како Сенеферка, Снеферка, Неферсека и Секанефер.[2] Името Снеферка се појавува на неколку вазни од шкрилец и алабастер.
Египтологот Ким Рајхолт смета дека Снеферка владеел за време на Втората египетска династија и дека треба да се идентификува како Неферкара I.