Сламката, јагленчето и гравчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
илустрација на бајката на браќата Грим „Сламата, јагленот и гравот“

„Сламката, јагленчето и гравчето“ (германски: Strohhalm, Kohle und Bohne) — сказна на браќата Грим.

Содржина[уреди | уреди извор]

Една старица посакала да свари грав и запалила оган, а под печката паднале едно гравче, една сламка и јагленче. Тие се договориле да отпатуваат заедно, а кога пристигнале до еден поток, сламката се префрлила од едната до другата страна, правејќи мост. Јагленчето тргнало преку мостот, но кога стигнало до средината, се исплашило од водата, застанало в место, ја запалило сламката и така сламката и јагленчето паднале во потокот. Гравчето, кога го видело тоа, почнало да се смее и пукнало од смеа. Меѓутоа, тука имало некој шивач, кој го сошил гравчето и оттогаш, сите гравчиња имаат црна шара по средината.[1]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

  • „Сламката, јагленчето и гравчето“, во: Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972, стр. 3-4.