Славистички Студии (списание)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Славистички Студии — македонско списание за русистика, полонистика и бохемистика. Списанието било орган на Катедрата за славистика при филолошкиот факултет на УКИМ во Скопје. Списанието излегувало во периодот од 1976 до 2006 година. Одделни броеви биле посветени на професорите: Вера Јанева-Стојановиќ (1985), Маргарита Пашоска (1999/2000), Зузана Тополињска (2001), Милан Ѓурчинов (2004) и Рина Павловна Усикова (2006).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „историјат“. Филолошки факултет - УКИМ. Архивирано од изворникот на 2015-04-24. Посетено на 2011-08-21.