Прејди на содржината

Скифомедузи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скифомедузи
Chrysaora colorata
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Cnidaria
Класа: Scyphozoa
Götte, 1887
Редови

Coronatae
Semaeostomeae
Rhizostomeae

Скифомедузите (Scyphozoa) сочинуваат класа на жаркари во која припаѓаат големи и желатинозни морски без‘рбетници (медузи) кои пливаат со контракција на нивното чадоресто тело и го фаќаат малиот плен со жарни пипала. Името на оваа класа доаѓа од карактеристичниот изглед на полипот на овие животни, кој има изглед на пехар (од грчки skyphos - пехар, zoon - животно).

Класата Scyphozoa вклучува четири реда, 20 фамилии, 66 родови и околу 200 видови. Четирите редови се: Stauromedusae, приседнати медузи; Coronatae, крунестите или браздести медузи; Semaeostomeae и Rhizostomeae, коренести медузи. Кај четирите редови на медузи постојат и полипоиден и медузоиден стадиум. Тие се изразени во разлиечен степен. Така, кај редот Stauromedusae има само бентосен (полипоиден) стадиум, кој се смета за медуза. Кај останатите редови се сретнуваат и двата стадиуми, а медузоидниот е најдолготраен и најзабележлив. Одредени истражувачи не ги сметаат приседнатите медузи за дел од оваа класа.