Прејди на содржината

Сите (остров)

Координати: 48°51′17″N 2°20′51″E / 48.85472° СГШ; 2.34750° ИГД / 48.85472; 2.34750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Богородичната црква во Париз се наоѓа на островот Сите

Сите (фр. Île de la Cité = Остров на градот) е еден од двата природни острови во Париз во реката Сена. Другиот е Сен-Луј, а третиот е Сињ и е вештачки. Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Денес островот е познато туристичко одредиште бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот:

  • Богородична црква (Нотр Дам) - монументална црква во готски стил од XII - XIV век
  • Света Капела - прекрасна капела во готски стил од XIII век
  • Понт неф (Новиот мост) - денес најстар мост на Сена во Париз изграден во 1607 година.

Покрај тоа, на островот се наоѓаат и Полициската префектура, Палатата на правдата, Болницата Отел Диу и Трговскиот суд.

Островот е поврзан со двата брега на Сена и со соседниот остров Сен Луи кој е главно резиденцијален.

48°51′17″N 2°20′51″E / 48.85472° СГШ; 2.34750° ИГД / 48.85472; 2.34750