Сите во нашето семејство (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Сите во нашето семејство“ (романски: Toată lumea din familia noastră) — романско-холандски филм од 2012 година, во режија на Раду Јуде (Radu Jude), кој е автор и на сценариото, заедно со Корина Сабау (Corina Sabău). Главните улоги ги играат: Шербан Павлу (Şerban Pavlu), Софија Николаеску (Sofia Nicolaescu) и Михаела Сирбиу (Mihaela Sîrbu). Филмот бил прикажан на повеќе фестивали при што освоил неколку награди, како: „Срцето на Сараево“ за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал, наградата на публиката на B-EST Букурешкиот филмски фестивал, гран-при на Anonimul Film festival, „Златна количка“ за најдобар долгометражен филм на Загребскиот филмски фестивал итн.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Мариус е маж на возраст од речиси 40 години. Тој е разведен, а неговата петгодишна ќерка Софија живее со мајка ѝ и тоа му предизвикува големо незадоволство. Еден ден, кога доаѓа да ја земе Софија за да ги поминат заедно празниците, му кажуваат дека таа е болна. Мариус не верува и упорно бара Софија да појде со него. Тоа предизвикува судир во кој се вклучува целото семејство, а набргу кавгата излегува од контрола...

Наводи[уреди | уреди извор]