Сина ајкула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сината ајкула

Сина ајкула (Prionace glauca)вид на ајкула.

Оваа ајкула е вистински морски талкач што во потрага по храна се сели од еден во друг океан. Телото и е хидродинамично и елегантно, со долг жилест рострум и карактеристични црни очи обрабени со бела боја. Во текот на долгите патувања таа може да ги употребува градните перки слични на крилја за лизгање по океанските струи. Во текот на пливањето често се нурнува во длабочините што можеби и помага во одредувањето на магнетната положба. Кога лови риби, оваа ајкула може да достигне и брзниа од 70 км/ч. Познато е дека ги вознемирува пливачите, а забележано е дека предизвикала неколку смртни случаи. Иако една од најчестите ајкули, таа е и најискористен вид, а нејзиниот број се намалува.

Поврзано[уреди | уреди извор]