Семеј (пророк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Семеј прикажан во Нирнбершките хроники (1493 година).

Семеј (хебрејски: שְׁמַעְיָה, Šəmaʿyā; Самаја во Септуагинтата) ― пророк за време на владеењето на Ровоам (1. Кралевите 12:22-24). Тој е почитуван како светец во литургискиот календар на православната црква на 8 јануари.

Библиски наратив[уреди | уреди извор]

Според 1. Кралеви и 2 Летописи, интервенцијата на Семеј спречила војна меѓу Ровоам и Јеровоам откако овој ги навел северните племиња на Израел да се одделат од племињата Јуда и Венијамин.[1] КралотРовоам собрал 180.000 војници за насилно да ги врати десетте бунтовнички племиња. Семеј бил познат како „Божји човек“ и пророкувал со Божјите зборови дека „тоа е од Мене“ и дека нема да одат против своите браќа, северните племиња. Зборовите на Семеј биле послушани и војската застанала.[2] Коментарот на говорницата ја нарекува неговата интервенција „навремено потсетување на единството на расата, без оглед на поделбата на кралството“.[3]

2 Летописи понатаму наведува дека Семеј ја прорекол казната на Ровоам од страна на Сисак, египетскиот крал.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1 Kings 12:22-24; 2 Chronicles 11:2-4
  2. 1 Kings 12:22-24
  3. Pulpit Commentary on 1 Kings 12, accessed 17 October 2017
  4. 2 Chronicles 12:5,7