Св. Емерик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Св. Емерик е католички светец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Св. Емерик се родил во Унгарија, на почетокот на 11 век, како син на првиот унгарски крал Штефан, кој исто така бил прогласен за светец во католичката црква. Принцот Емерик бил воспитуван побожно и, според упатствата на татко му, живеел скромно, развивајќи ги добрите особини. Емерик загинал за време на лов, во триесеттата година од животот. Поради побожниот живот, католичката црква го прогласила за светец, а нему му се молат младите за помош. Неговиот ден се слави на 5 ноември.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Верски календар“, Дневник, година XVIII, број 5609, среда, 5 ноември 2014, стр. 24.