Свободни сполк

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свободни сполк (на горнолужичкосрпски јазик: Swobodny społk) е друштво регистрирано во Дрезден во јуни 2021 со задача да ја поддржува финансиски лужичкосрпската култура во Горна и Долна Лужица. Друштвото има четири главни полиња на работа: аудиовизуелен архив, производи од секојдневниот живот, медиум и издаваштво.

Свободни сполк има седиште во Дрезден и две филијали: едната во Горна и другата во Долна Лужица.

Свободни сполк ја поддржува независната лужичка култура, се финансира преку друштвеничката членарина како и преку продажба на производите во негова продукција. Свободни сполк е исто така издавач на медиумот Сербски информатор, кој објавува статии на горно- и долнолужичкосрпски јазик, како и на германски и англиски јазик.

Друштвото е издавач на уметнички календари и планира објавување на книги за деца, дидактички материјал.

Надворешна врска[уреди | уреди извор]

Swobodny społk[мртва врска]