Светско првенство за мажи во одбојка 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Светско првенство за мажи во одбојка 2018 беше 19 по ред Светско првенство во одбојка за мажи, во конкуренција  на националните тимови членки на Fédération Internationale de Volleyball (FIVB). Завршниот турнир се одржал во Италија и Бугарија од 9 до 30 септември 2018 година. За првпат турнирот бил одржан заеднички од страна на повеќе од една земја. Најдобрите шест се натпреварувале во Италија, во салата Пала Алпитур во Торино.[1]

Полска ја одбрани својата светска титула, победувајќи го актуелниот олимписки првак Бразил во рамноправен натпревар исто како во 2014 година во финалет. [2][3] Ова е трета титула за Полска, и трет пат во последните четири изданија на Светското првенство што Бразил и Полска ги оспори финалето. Ова исто така беше петто последователно светско првенство каде што Бразил играл барем во финалето.

САД го освои третото место извојуваќи победа над Србија во четири сета.[4] Бартош Курек од Полска беше избран за „Најкорисен играч на турнирот“.[5]

Во првиот круг од натпреварувањето на мечот помеѓу Русија и Тунис се постави нов рекорд на сите времиња со најмалку постигнати поени на натпревар од Светското Првенство Истиот го постигна  Русија освојувајќи го вториот сет со 25-6. Претходниот рекорд беше 25-8 кој го држеше САД против Порторико поставен во текот на Светското Првенство во 2014 година.[6]


Наводи[уреди | уреди извор]