Свети Франциск (Сурбаран)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Свети Франциск“ (1659) од Франсиско де Сурбаран

Свети Франциск ― слика од 1659 годинана која е прикажан Франсис Асишки од Франсиско де Сурбаран. Тоа било единственото дело на уметникот познато во Франција пред 19 век.[1]

Најверојатно била бил наменета за манастир во Мадрид , пред Марија Тереза Шпанска да му го даде на францисканскиот манастир „Колинети“ во Лион. Манастирот бил основан од маркизот и маркизата де Колињи во 1665 година. Во време на Француската револуција била продадена на сликар и гравер од Лион, Жан-Жак де Боасиу и била искористена во 1797 година како модел за еден од неговите графики, „Пустиножители“. Неколку години подоцна, во 1807 година, Де Боасие ја продал на Музејот на ликовни уметности во Лион каде уште се наоѓа. Долго време погрешно му била припишувана на Хосе де Рибера, пред повторно да му се припише на Сурбаран во 1847 година.

Наводи[уреди | уреди извор]