Саша Колпаков
Александар Александрович Колпаков (руски: Александр Александрович Колпаков; роден на 15 февруари 1943 година во Бузулук, Оренбуршка област, РСФСР, Советски Сојуз) е советски и руски гитарист, пејач и композитор.
Биографија
[уреди | уреди извор]Потекнува од семејство Серво, група Роми кои се наоѓаат претежно во Русија и Украина, тој почнал да свири гитара со седум жици на рана возраст додека живеел во регионот на Саратов. Откако се преселил пред дваесет години во Москва, настаувал во неколку групи, но работел најмногу во театарот Ромен, единствениот ромски театар што постои во светот.
Колпаков се занимавал и со независни проекти, како што е свирењето со Колпаков трио, првиот руски ромски ансамбл кој ја обиколил Северна Америка во посткомунистичкиот период. Неговиот внук Вадим Колпаков ја владее гитарата со седум жици и е член на триото Колпаков од 1994 година.
Како солист и композитор, Родава Тут е првата плоча на Саша, објавена од Опре, швајцарска издавачка куќа посветена на промоција на ромска музика. Неговата музика е типична за она што може да се слуша додека се поминува една вечер дома со Ромите. Некои од песните се стари и неколку стотици години.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Архивирано на 26 октомври 2009 г. за враќање
- Био на Саша Колпаков во илустрирана енциклопедија на гитаристи и композитори Архивирано на 22 февруари 2007 г. (на руски)