Розита Ауер
Розита Ауер | |
---|---|
Роден(а) | 4 август 1952 Стокхолм, Шведска |
Националност | швеѓанка |
Занимање | Глумица, пејачка, стомачна танчерка |
Мод Розита Ауер, (родена на 4 август 1952 година) — шведска стомачна танчерка, глумица и пејачка.[1] Таа пораснала во Губанген во Стокхолм. Преку пријатели таа стапила во контакт со индискиот танц, а потоа и со турскиот танц. Започнала да работи како стомачна танчерка во Клуб Камелен во Гамла Стен во Стокхолм во 1969 година. Покрај тоа, таа студирала и глума на театарската школа Кале Флигарес.
Како глумица учествувала во неколку театарски претстави и имала улоги во голем број филмови и ТВ-продукции.[1] Меѓу другите претстави, таа учествувала во сценското шоу на Повел Рамелс „Тингел Тангел на Тирол“ помеѓу 1989 и 1990 година.[2] Станала пионерка во Шведска како прва професионална стомачна танчерка, имала и часови по уметност на ориентален танц. Таа е и главна пејачка на групата Розита Оер Бенд.[3]
Во 2016 година, Розита ја објави својата автобиографија наречена „Во главата на стомачна танчерка„.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Sveriges första magdansös fyller 55“. Посетено на 13 July 2016.
- ↑ „I huvudet på en magdansös“. Посетено на 13 July 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Rozita Auer Band + Jan Allan - Nöje.se“. Архивирано од изворникот на 2016-08-09. Посетено на 13 July 2016.