Ристо Гаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Гаревски
Роден 22 март 1922
Скопје, Македонија Македонија
Починал 21 февруари 2012
Скопје, Македонија Македонија
Занимање палеонтолог и професор

Ристо Гаревски (Скопје, 22 март 1922 - Скопје, 21 февруари 2012) — угледен македонски палеонтолог и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Гаревски е роден на 22 март 1922 и по завршувањето на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се вработил во Природнонаучниот музеј. Од таму заминал во 1979 година за да биде професор по палеонтологија на Геолошко-рударскиот факултет во Штип.

Во текот на својата долга научна кариера Гаревски раководел со проекти и ископувања од областа на палеонтологијата, а неговиот опус брои повеќе од 100 научни трудови во домашните и светските списанија. Најголемо откритие на Ристо Гаревски се четирите бивни на редок вид слонови што живееле пред десет милиони години во близината на Велес. Починал на 89 години во Скопје на 21 февруари 2012 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Acta Musei Macedonici scientarium naturalium. Prirodonaučen muzej na Makedonija. 1976. Отсутно или празно |title= (help)