Кристијан Габровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ристо Бомбата)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кристијан Габровски
Ристо Бомбата на настап
Биографски податоци
Родено имеКристијан Габровски
Познат(а) и какоРисто Бомбата
ПотеклоПрилеп, Македонија
Занимањамузичар, текстописец, композитор
СоработнициРисто Бомбата и Кучешка тенија
Ристо Бомбата и Кучешка тенија

Кристијан Габровски (некогаш познат како Ристо Бомбата; р. во Прилеп) — македонски музичар, пејач, текстописец и композитор. Во почетокот на деведесеттите, заедно со Борче Шабановски и Валентино Лаучоски, настапуваат под името „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“ и достигнуваат огромна популарност со своите каламбури на сексуална тематика. Нивните касети биле продадени во повеќе од 50.000 примероци и своевремено биле една од најпопуларните групи.

Денес, Кристијан е присутен на македонската музичка сцена пишувајќи и компонирајќи песни на многу музичари, највпечатливо на Маја Вукичевиќ. Исто така, има и соло кариера. Настапувал на „Макфест“ и на локалниот избор за песна на Евровизија. Оженет е и има две деца.