Реј Јури

Реј Јури (Лафајет, 14 октомври 1873 - Њујорк, 29 септември 1937 ) — американски спортист, осумкратен олимписки победник.
Како дете бил врзан за инвалидска количка бидејќи боледувал од детска парализа. Од болеста се одвоил со силна воља и постојано скокање за да ги зацврсти нозете. Тој станал најпознатиот скокач без залет (од место): троскок и скок во височина. На Игрите освоил златни медали во сите три дисциплини и го добил прекарот „гумен човек“.
Во својата кариера, тој беше непобедлив на Олимписките игри во дисциплините скокање, кои подоцна беа отстранети од атлетската програма на Игрите. На Олимписките игри во 1900 година во Париз победил во сите три дисциплини скокање, кои за разлика од денешните се изведувале без залет (од место). Тој ја повторил својата тројна победа на Олимписките игри во 1904 година во Сент Луис. По тие игри, дисциплината тоскок без трчање била укината, така што Јури ги бранел титулите во преостанатите две дисциплини на следните игри во 1908 година во Лондон. Тоа го зголемил неговиот вкупен резултат од 8 олимписки златни медали.
Скоковите без залет беа отстранети од програмата по Олимпијадата во 1912 година во Стокхолм.
Олимписки медали и резултати
[уреди | уреди извор]- Париз 1900.
- злато скок во далечина без залет 3,30 м ОР
- злато троскок без залет 10,58 м ОР
- злато скок во височина без залет 1,65 м СР и ОР
- Сент Луис 1904
- злато скок во далечина без залет 3,47 м ОР
- злато троскок без залет 10,54 м
- злато скок во височина без залет 1,60 м
- Лондон 1908
- злато скок во далечина без залет 3,33 м ОР
- злато скок во височина без залет 1,57 м