Република Урал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предложено знаме на Република Урал.

Република Урал (руски: Уральская Республика) бил непризнаен субјект на Руската Федерација кој постоел од 1 јули 1993 до 9 ноември 1993 година во границите на регионот Свердловска област. Формирана била како резултат на референдумот одржан на 12 април 1993 година од страна на Едуард Росел.[1]

Таа била организирана од тим локални политичари, од кои еден од нив, Антон Баков,[2] е и автор на проектот за валута за Републиката, уралскиот франк.

Историја[уреди | уреди извор]

Локација на Големата Уралска Република
  • [ потребен е цитат ]25 април - Прашањето за давање статус на Република на Свердловската област било поднесено на референдум.
  • 1 јули - Регионалниот совет на Свердловск донел одлука за прогласување на Република Урал.
  • 14 септември - Шефовите на регионите Свердловск, Перм, Челјабинск, Оренбург и Курган одлучиле да учествуваат во развојот на економскиот модел на Република Урал врз основа на регионите на Урал.[3][4] Проектот на новиот територијален ентитет го добил името „Голема Уралска Република“.
  • 27 октомври - Регионалниот совет на Свердловск го одобрил Уставот на Република Урал. Текстот на Уставот е објавен во „Регионален весник“.
  • 31 октомври - стапил на сила Уставот на Република Урал.
  • 2 ноември - Едуард Росел учествувал на проширен состанок на Советот на министри на Руската Федерација.[5] На тој состанок рускиот претседател Борис Елцин рекол дека желбата на регионите да го подигнат сопствениот статус бил природен процес и дека владата треба да го земе предвид.
  • 5 ноември - На прес-конференцијата Едуард Росел кашал за поддршката на Република Урал од страна на Елцин и за неговата намера да продолжи со развојот на Републиката.[6][7]
  • 8 ноември - Регионалниот совет објавил дека изборите за гувернер и изборите на дводомното законодавно собрание на Република Урал ќе се одржат на 12 ноември[7][8]
  • 9 ноември - Претседателски декрет број 1874 за распуштање на Регионалниот совет на Свердловск, а потоа, на 10 ноември - Уредба бр. 1890 за разрешување на Едуард Росел. Сите нивни одлуки во врска со Република Урал биле прогласени за ништовни.[9] Валери Трушников бил назначен за шеф на администрацијата на Свердловската област.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Orttung, Robert W. (2000). The Republics and Regions of the Russian Federation. M.E. Sharpe. стр. 524.
  2. (на руски) https://66.ru/news/columnists/200008/
  3. Не бойтесь, земляки // На смену!— 1993.— 21 сентября.
  4. Оренбуржье.— 1993.— 23 сентября.
  5. Вечерний Екатеринбург.— 1993.— 4 ноября.
  6. Вечерний Екатеринбург.— 1993.— 6 ноября.
  7. 7,0 7,1 „IGPI.RU::Политический мониторинг::Выпуски политического мониторинга::Свердловская область — Свердловская область в ноябре 1993 года“.
  8. Вечерний Екатеринбург.— 1993.— 10 ноября.
  9. Российская газета.— 1993.— 10 ноября.