Разузнавачка служба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Центарот за разузнавање Џорџ Буш е седиште на Централната разузнавачка агенција во САД.

Разузнавачка служба е владина агенција одговорна за собирање, анализа, и експлоатација на информации со цел поддршка на спроведувањето на законот, националната безбедност, војската, и надворешната политика.[1]

Средствана на прибирање на информациите се отворени или тајни и може да вклучуваат шпионажа, пресретнување на комуникациите, криптоанализа, соработка со други институции и оценка на јавните извори.

Разузнавачките служби можат да ги обезбедат следниве услуги на нивните влади.

  • Да дадат рано предупредување за претстојна криза;
  • Служат на националното и меѓународното управување со кризи преку помагање да се спознаат намерите на тековните или потенцијалните противници;
  • Да го информира националното планирање на одбраната и воените операции;
  • Да ги заштити доверливите тајни за информации, како оние добиени од сопствени извори и активности, така и од другите државни служби;
  • Може да дејствува тајно да влијае врз исходот на настаните во корист на националните интереси, или да влијае врз меѓународната безбедност; и
  • Да штити од влијанието и дејствата од други национални разузнавачки служби (контраразузнавање).

Наводи[уреди | уреди извор]