Разговор со корисник:Oliver Ivanov
Добре дојдовте!
Здраво, Oliver Ivanov, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Brainmachine (разговор) 15:35, 28 јули 2012 (CEST)
Додавање на слика
[уреди извор]Здраво, Оливер! За ставиш слика на Очајни домаќинки (турска ТВ серија), прво треба да ја најдеш сликата во некоја статија за истата тема на друг јазик, на пример, на турската Википедија: Umutsuz Ev Kadınları. Таму има слика од плакатот на серијата, кликаш на неа (Dosya:Umutsuz Ev Kadınları afişi.jpg) и ја зачувуваш сликата на твојот компјутер (десен клик > save image as).
Понатаму, одиш на страницата Специјална:Подигање. Во долниот дел имаш Изворно име на податотеката: и копче Browse.... Кликаш на Browse и ја селектираш сликата на твојот компјутер. Секојпат кога подигаш слики кои се плакати на филмови или серии, како во овој случај, во поширокото поле Опис кое се наоѓа подолу го додаваш следниов код:
{{subst:ф_плакат|Името на статијата}}
што во овој конкретен случај би било:
{{subst:ф_плакат|Очајни домаќинки (турска ТВ серија)}}
На дното од страницата кликни на Подигни и си ја подигнал сликата.
Најпоследно, останува да го додадeш насловот на сликата (на пример, Umutsuz_Ev_Kadınları_afişi.jpg, без Податотека:) кај параметарот image=
во инфокутијата (најгорниот код) на статијата.
Следи ги упатствата внимателно и пробај да го направиш ова сам, но ако имаш потешкотии, слободно пиши ми. Поздрав, Brainmachine (разговор) 20:44, 5 август 2012 (CEST)
- Ја подигнав сликата и ја ставив во статијата. Поздрав, Brainmachine (разговор) 13:07, 6 август 2012 (CEST)
Додавање на нови пораки
[уреди извор]Оливер, кога пишуваш нови пораки, како на пример на мојата разговорна страница, во најгорното поле, каде што пишува „Наслов:“, дај краток наслов на пораката, а не потпис со ~~~~. На пример, на оваа порака насловот е „Додавање на нови пораки“ :) Потписот, со четири тилди (не мора да бидат меѓу загради), оди на крајот на пораката, ете овде: Brainmachine (разговор) 16:27, 7 август 2012 (CEST)