Разговор со корисник:DCode

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, DCode, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Здраво DCode. Brest-bot користи Python Wikipediabot Framework за автоматизација на работата на википедија. На претходниот линк може да ги најдете неопходните информации за тоа како се користи овој framework. Pywikipediabot содржи во себе готови модули за некои основни и често користени работи на википедија. Од друга страна секој може да креира сопствен бот за некоја специјална намена. Во таа смисла ботот претставува софтвер кој врши одредена работа. Brest-bot е корисничко име на википедија под кое се извршуваат повеќе програмчиња во различно време и пригоди. На презентацијата во Прилеп ви дадов врска до едно таквоо програмче, види овде напишано во Python. Повеќе информации може да прочитате на сајтот toolserver.org - колаборативна платформа која нуди хостирање и подршка на различни софтверски алатки. Се разбира постојат и други програми кои работат покомплексни работи на википедија, на презентацијата спомнав за поправање на синтаксни грешки, анализа на честота на зборови и сл. Слободно контактирај доколку имаш прашања во врска со овие теми. Иначе бот може да се креира и во било кој друг програмски јазик, вклучително и C++ кој на вашата академија го изучувате. --brest (разговор) 09:51, 27 јули 2012 (CEST)[одговори]