Разговор за Википедија:Наведување на извори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Цитирање на наслови на дела и имиња на автори[уреди извор]

Од лично искуство по учебници, научна литература, а и од Интернет, имам забележано дека прво се пишува насловот на делото, па авторот, па издавач, па година. Мислам дека не е добро, да се потенцира запишувањето на авторот, па потоа насловот на делото. Од ова може да настанат и проблеми, при пребарување на истото. Помалку резултати се добиваат, ако се пребарува со името на авторот како прв збор, отколку насловот на делото.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:48, 22 август 2009 (UTC)

Јас пак не можам да се сетам кога сум сретнал прво да се наведува името на делото, а потоа авторите. Шаблоните на Википедија, поголемите алатки за создавање референци на интернет, учебникот од четврта година каде што има дел од лекција за цитирање извор, оној чикашкиот прирачник за цитирање што го имам разгледано — кај сите првин се авторите, а потоа насловот на делото. --Brainmachinewtf? 13:31, 22 август 2009 (UTC)
Ако се водиме од англиската литература, може да се сретнат и двата случаја. Во македонските учебници, претежно прво е насловот, а потоа авторот. Единствено во некои книги коишто се преведени се запазува принциппот со името на авторот на прво место. Не менува многу како ќе биде запишано, дали прво насловот на делото или прво името на авторот. Толкувањето на референцата треба да биде како во уметничката литература (на пр. „Камениот гостин“ од А.С.Пушкин, скратено „Камениот гостин“, А.С.Пушкин). Мислам дека воопшто не е соодветно во примерот од заградата да биде А.С.Пушкин: „Камениот гостин“. Друга многу важна работа е што доколку прво е запишан насловот на делото, а насловот не е кодиран и некој сака да побара на пребарувачот за делото, тогаш ќе добие резултати кои соодветствуваат и многу ќе му помогнат околу саканата цел. Во спротивно, доколку прво е запишано името на авторот, во прв план ќе му се исфрлат резултати за авторот, а во втор план за делото. На крајот на краиштата и да постоеше правило за наведување на авторот на прво место и во сите книги и учебници да беше користено, сепак неодминлив факт е дека Википедија е Интернет енциклопедија и истата граматички и литературно треба да биде прилагодена врз стандардите на македнскиот јазик, а естетски врз техничките услуги и ефекти кои се добиваат на Интернет. Мислам дека нема да биде лошо во статијата да се промени примерот.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:55, 22 август 2009 (UTC)
Чекај, не разбирам што е финтата со пребарувањето? Како може да биде насловот кодиран или некодиран? И овде зборуваме за референци (еден ред текст кој посочува кон делото, но не открива нешто повеќе за делото), а не за статии за тие дела, па да има евентуален проблем при пребарувањето. Плус, Google и другите пребарувачи не индексираат по ранг според тоа дали некој збор или стринг од зборови е прв или втор во некој текст. Овој начин на цитирање јас сметам дека е 1) општопознат и најмногу користен и 2) според него се прилагодени стандардните шаблони за цитирање, не само на ВП, туку и на други мрежни места. --Brainmachinewtf? 14:58, 23 август 2009 (UTC)
Во кодирањето, всушност мислев на ISBN (International Standard Book Number). Има некои референци, кои го имаат овој број (код), но некои не. Обично ISBN бројот води до некое мрежно место, на кое може да се прочита за книгата. Доколку го нема кодот и пребарувам на пребарувач со името на авторот пред насловот, ќе ми да де повеќе резултати за авторот, а за делото не. Тоа е голем недостаток. Инаку, за тоа дека запишувањето на името на авторот се пишува на прво место, а потоа насловот на делото и тоа со употреба на две точки, прв пат слушам дека е општоприфатено. Да беше општоприфатено, секаде ќе имаше примена, а не подеднакво со мојот предлог. Кога се користи литературата, се користи делото, а не авторот. Нема некое пресудно значење, но е полесно и дава подобра насока. Најбитно е да се цитираат референци од веродостојни извори. Ова се само финеси.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:42, 23 август 2009 (UTC)