Разговор за Википедија:ВикиПроект Одржување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во однос на Статиите кои бараат внимание, мислам дека се многу малку тројца да ги средат. Барем уште тројца нека има - ако сакаме да бидеме поефикасни. Јас ги земав статиите Е-Р, но уште од првата гледам дека и стотина да се средат се многу. Па, ајде, пријавувајте се --Виктор Јованоски 09:23, 11 јули 2008 (UTC)

Знаеш, ќе биде среќа и тројца да сме, а пак за шестмина може да сонуваме. Сега за сега нема ентузијазам. --Brainmachinewtf? 14:47, 15 јули 2008 (UTC)
Џабе ни е и ентузијазам. Да речеме дека се пријавиле 15 души: ако тројца од нив всушност ЗНААТ што значи средување и кога една статија е средена, одлично! Ај да не испадне дека само песимизам ширам, можеби можеме некако да искористиме некакви ботови. Мислам, за највообичаените работи, што лесно се средуваат, а многу ги има. Што мислите? --iNkubusse A? 01:27, 20 јули 2008 (UTC)

Мислам дека добро ќе ни дојде и новата приоритет Портали. Бара работа и ангажираност, но сепак мислам дека беше потребна.--Kiril Simeonovski 22:09, 4 септември 2008 (UTC)

Портали[уреди извор]

Потребно е да се дефинира / започне нов проект, кој ќе се однесува стриктно на порталите, т.е. ќе се дефинира начинот и методологијата за креирање на нови портали, одржување, категоризација и сл. Мислам дека не е проблем масовно да се креираат голем број на портали. Практично за секоја поважна тема може да постои засебен портал. Веќе имаме основен скелет како еден портал треба да изгледа благодарение на досега креираните портали, сега треба само да се седне и да се креираат нови портали. Улогата на именскиот простор Портал на некој начин е да биде пресликување на главниот именски простор каде на една страница ќе се постави брз преглед на дадената тема со мноштво поврзани линкови на дадената тема. Финтата со избрани статии, слики, биографии и сл. на порталите е со цел да се предизвика интерес кај корисниците а посебно уредувачите за разработување на дадената тема. Главен портал секако е главната страница и благодарение на активноста на Kiril Simeonovski‎ главната страница полека станува вистински портал кон порталите. Со систематска работа сето ова може да се постигне за одредено време.--brest 07:32, 5 септември 2008 (UTC)

Оддржување[уреди извор]

На македонски јазик правилно се вика одржување, со едно 'д'. Не сум упатен каде сѐ се сретнува како оддржување во рамките на проектот и статиите, но сметам дека треба да го промениме, но вие како поупатени би било подобро да го промените. Само една добронамерна забелешка.

гитардэмон  говори со мной  13:54, 28 октомври 2008 (UTC)