Разговор:29 јули (родени)

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија е дел од Википедија:Проект:На денешен ден

Членови на ОНА[уреди извор]

Гледајќи ги страниците за родени или починати на одредени дати, гледам дека често се среќаваат разни борци на ОНА. Немам ништо против нив, ниту пак сметам дека не треба да се ставаат луѓе кои имале негативно педигре (на пример, на овие страници се даваат и информации за нацистичките водачи итн.), но се прашувам едно нешто: Разбирам да бидат дадени датите на раѓање или умирање на водачите на ОНА, но овде често се среќаваат и тотални анонимуси, т.е. некои локални, сосема обични борци на ОНА. Кој ли ги става нив и зошто се тие важни личности? Ако одиме по таа логика, тогаш би требало да се стават и информации и за обичните војници (на пример, резервисти) или офицери од АРМ кои се бореле против ОНА. Имено, ако се значајни личности борците од ОНА, тогаш исто толку значајни би биле и борците од АРМ. Или друг пример: ако веќе ги ставаме непознатите борци од ОНА, тогаш би требало да ставиме и дати на раѓање или умирање и на неколку милиоони нацисти (а не само на нацистичките лидери). Да скратам, дали постои некој минимум стандард за тоа која личност е доволно значајна за да се забележи нејзиниот роденден?

ГП (разговор) 00:34, 11 ноември 2015 (CET)[одговори]