Прејди на содржината

Разговор:Охридска архиепископија

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект МПЦ - ОА, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за МПЦ - ОА. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектниот тим.
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Оваа статија содржи многу податоци кои веќе ги има во статијата Македонска Православна Црква. Мислам дека најдобро е да се префрлат новите податоци оттука во статијата за МПЦ, а од историските податоци од двете статии да се формира нова статија со наслов „Историја на МПЦ“. Што мислите? (Zdravko 08:26, 17 Март 2006 (UTC))

Потребно е спојување на оваа статија со статијата Охридска Архиепископија. Исто име, речиси идентичен текст. Очегледно некој на почетокот креирал две идентични стати а потоа се продолжило да се работи повеќе на статијата Охридска архиепископија, архиепископја со мало а. --brest 10:43, 17 септември 2007 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

[уреди извор]
  • Промена на зборови од типот сеуште во сѐ уште , одделни зборови сѐ, уште, е акцентирано.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 15:00, 27 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.


NickGjurcinoski (разговор) 21:37, 29 декември 2010 (CET)[одговори]

Охридската Архиепископија во XIII и во XIV и за време на Османлиското владеење

[уреди извор]

По обновувањето на Бугарското царство во 1185 година, од Охридската архиепископија се издвоиле епископиите од Бугарија, формирајќи ја Трновската патријаршија. За време на владеењето на Добромир Хрст и кнежевството на Стрез од 1185 па се до 1214 година, тие имале потполна подршка од Охридската архиепископија. Во 1218 година покрај Трновската патријаршија, се издвоила и Рашката епископија, така што се формирала Српската архиепископија. Од 1230 до 1280 година Охридската архиепископија изгубила голем дел од својата територија, која подоцна повторно ги повратила. За време на овој период Охридската архиепископија ја зачувала својата автокефалност и угледност. Архиепископот Никола, во 1346 година, учествувал на прогласувањето на српскиот архиепискот за патријарх и крунисување на Душан за цар. Со паѓањето на Охрид и Македонија под Османлиска власт, Трновската и Пеќската патријаршија биле укинати, додека Охрдиската архиепископија продолжила да постои. Во тој период одиграла голема улога во зачувувањето на христијанството и била духовна поткрепа за македонскиот народ. Манастирите и црквите биле образовни центри, каде се негувала македонската писменост и култура, македонската варијанта на црковно словенскиот јазик од кој подоцна се развива македонскиот народен говор. Охридската архиепископија истовремено од византискиот цар добивала дозвола за проширување на своите граници. Кон неа биле приклучени Софиската и Видинската епархија. До обновувањето на Пеќската патријаршија во 1557 година, во рамките на Охридската архиепископија влегувале делови од српската црква и делови од италијанските православни епархии. Со освојувањата на Османлиите на балканот, автокефалноста на Охридската архиепископија била нарушена. Таа постојано била потиснувана од страна на Цариградската патријаршија. Во XV век црквата Св. Софија во Охрид (тогашното седиште на Охридската архиепископија), била претворена во џамија. Архиепископското седиште било префрлено во Климентовиот манастир Св. Пантелејмон, но по нејзиното претворање во џамија, седиштето на Охридската архиепископија било преместено во Св. Богородица Перивлепта. Многу други цркви во Македонија била претворени во џамии во тој период. Во следниот период односите се повеќе се заострувале. Цариградската патријаршија постојано вршела притисок врз Охридската Архиепископија најтојувајќи да ја има целосната контрола над неа. Со поставувањето на Цариградски патријарх во Костурската, Струмичката и други македонски епархии, односите уште повеќе се заостриле. На охридскиот престол бил поставен прогрчки архиепископ. По неговото протерување на престолот дошол митрополитот Арсениј. Со разни интриги, Цариградската патријаршија извршила голем притисок врз Охридската архиепископија, па таа во 1767 годинна на 16 Јануари, била укината. Митрополитот Арсениј бил принуден да потпише „добро-волна“ оставка.

NickGjurcinoski (разговор) 02:14, 3 јануари 2011 (CET)[одговори]