Разговор:Мариовски манастир

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Преименување на статијата[уреди извор]

Почитувани колеги и уредници, гледам дека веќе еднаш е преместена статијата од првичниот наслов Манастир „Св. Никола“ - Манастир, но и покрај стандардното именување за манастирите како Бигорски, Лешочки, Топлички, Карпински, во дадениов случај мислам дека звучи малку смешно „Манастирски манастир“ (да би се користело славјанското „Обител“ кое го користел Ј.Х.К.-Џинот би имало смисла и би се знаело дека е обителот на/во село Манастир), а воедно и никој од местното население во Мариово, жителите на поширокиот прилепски регион и пошироката јавност така не го викаат ниту го знаат овој манастир. Од неколкуте мои посети, прошетки и при бројни разговори со луѓе од тие краишта, а во карта на општините од 1996 сум го среќавал како Манастир Мариово. Со оглед дека најстар и најпознат во Мариово, давам предлог да ја „прекрстиме“ или пренасочиме во нова статија со име Мариовски манастир. Манастирите Чебрен и Мелница (Витолишки) кои се во Мариово се познати под своите засебни имиња. Еве започнувам разговор и давам предлог, па повелете изјаснете се. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 03:01, 30 август 2015 (CEST)[одговори]