Разговор:Голем Сиудад дел Есте

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект Географија Оваа статија е дел од ВикиПроектот Географија, кој има за цел да создаде опсежен географски водич на Википедија. Ако сакате да земете учество во проектот, може да ја уредите оваа статија, или да прочитате нешто повеќе на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.

Наслов на статија[уреди извор]

Насловот на статијата би требало да гласи само „Гран Сиудад дел Есте“. Нема потреба од име во коешто еден збор е преведен, а другите се оставени непреведени како што е „Голем Сиудад дел Есте“. Веќе ако се преведува името на градот, тогаш би требало да гласи „Голем град на Истокот“.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:28, 9 ноември 2012 (CET)[одговори]

Името на шпански е Área Metropolitana de Ciudad del Este, придавката Grande (голем) не е составен дел од официјалното име. Тоа е неформално и затоа е преведено. Може да се смени во Сиудад дел Есте (метрополитенска област). Истото важи и за Голем Асунсион. Имињата на топонимите не ги преведуваме, само државите ни се преведувани (Света Луција, не Сент Луша). Така на пример, Асунсион не се вика „успение“.--Никола Стоіаноски 15:31, 9 ноември 2012 (CET)[одговори]
„Метрополитенска област“ или „метрополитска област“?--Никола Стоіаноски 15:41, 9 ноември 2012 (CET)[одговори]
Проблемот е што јас како читател на статијата не знаев дека „Гран“ не е дел од името и се употребува само како придавка пред ти да ми го објасниш тоа. Претпоставувам дека и други читатели би го имале истиот проблем, па поради тоа е неопходно да се среди во статијата, да се додаде белешка дека станува збор за епитет којшто не е составен дел од името или пак да се премести статиајта во појасно име. Ме чуди тоа што се споменува името и со „Голем“ и со „Гран“, што директно ми наведува дека е дел од името. Имињата на градовите и географските области никогаш не се преведуваат, а не знам дали истото вреди да се прави и со некои вообичаени епитети коишто им се придаваат. Најлесно решението го гледам во пренасочувањето на статијата во нејзиниот вистински наслов и додавање на појаснување во заграда. Она што можам да забележам е дека почесто се употребува „метрополитенска“ наместо „метрополитска“ област.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:10, 10 ноември 2012 (CET)[одговори]