Разговор:Голгота

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлози[уреди извор]

Гледам дека нешто пишува за етимологијата на зборот. Јас додадов ваква секција, која мислам дека треба да биде прва во статијата, а напишаното го потврдив и со референци. Мислам дека нема да биде лошо да се соединат овие две секции.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:12, 26 септември 2009 (UTC)

На Интернет, корисни информации, кои може да се додадат во статијата може да се најдат на овие мрежни места ([1] и [2]). Добро е да се направи споредба на текстот во статијата, со овие текстови. Првата врска води до статија, која повеќе се однесува на историјатаи толкувањето, а втората на местоположбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:15, 26 септември 2009 (UTC)

Мислам дека сите информации вклучени во статијата се многу интересни и веродостојни. Ако имаш додатни секако стави ги за да се збогати статијата. И не само за етимологија, види и од тие статии на нет што има. Само морам да кажам дека ваквите теми за религија се многу чувствителни и побаруваат посебно внимание зошто ако се пише и мала невистина, луѓето веднаш ја апсорбираат. Религиска тема е опасна. Поз--Никола Стоіаноски 13:25, 26 септември 2009 (UTC)
Мислам дека добро е да се додадат референци, во делот „Библиски карактеристики и етимологија“ и секцијата „етимологија“ да се преклопи со овој дел. Друга можност е да се создадат две секции. И внимавај, во врските кои ги наведов не се споменува „Гол Го Та“. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:51, 26 септември 2009 (UTC)
Јас веќе имам дадено како се вика на арамејски, од книга е вадено и на англиската е ставено. Мора да се усогласи зошто ќе има спротивставени тези низ статијата.--Никола Стоіаноски 13:56, 26 септември 2009 (UTC)
Ова е интересно. Нека остане така, но тогаш овие референци отпаѓаат или ако се однесуваат за нешто друго би посочувале и на другиот запис. Не знам дали да ги оставиме и двете потврдени. Тоа би било најсоодветно решение.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:00, 26 септември 2009 (UTC)
Па и не е толку битно името. Секако преводот на двете е ист, а за правописот на зборот ќе ставиме Гол Го а Та (+реф) или ГолГоТа (+реф). --Никола Стоіаноски 14:02, 26 септември 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 09:38, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]