Разговор:Гестапо

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

На германски се чита ГеШтаПо (ГЕхајме ШТАатсПОлицај). Поречанец 03:42, 24 август 2007 (UTC)

Без разлика на тоа, статијата треба да биде насловена Гестапо. Во македонскиот јазик нема правило според кое мора се да се пишува како што се изговара на странски јазици. На пример, нема Вошингтон, туку Вашингтон. Нацистичката државна полиција кај нас е позната како Гестапо и нема потреба од менување на тој назив (Zdravko 07:27, 24 август 2007 (UTC))

Грешиш Здравко, го има тоа правило. Точно е дека Гештапо кај нас е до некаде навлезено како ГеСтапо, но тоа не значи дека така е точно. А Вашингтон е сосема друга приказна, постојат и многу други правила, а и многу исклучоци (на пр. и Пјотр Иљич е Петар Илич, ама тоа е друг случај). Конкретно за овој случај, ЈАС, како дел од македонската википедија, мислам дека токму НИЕ треба да бидеме тие што ќе го популаризираат Гештапо како што е правилно (мислам на името, не на нивните дела хахаха:D), така што ќе им овозможиме на македонските читатели да го прочитаат Gestapo како Гештапо. Инаку, дури и ако го бараат како ГеСтапо, ќе бидат пренасочени кон Гештапо, значи не е голем проблем. Тоа е она што јас го мислам, Поречанец 09:14, 24 август 2007 (UTC)

На овие простори уште од времето на НОБ, таа организација се нарекувала Гестапо. Значи, има преседан во случајов на константна употреба на терминот Гестапо. Од друга страна, не сум сретнал ниту еден извор каде што стои Гештапо. Поради тоа, не сметам дека има доволно основа за да се менува името на оваа организација. Ако сметаш дека има основа, тогаш кажи ми во што е разликата помеѓу овој случај и случајот во Вашингтон? Да не испадне дека треба и Вашингтон да се пренасочи во Вошингтон (Zdravko 12:56, 24 август 2007 (UTC))

Спомнав дека кај нас поимот е навлезен како Гестапо и тоа прави одреден проблем, но сепак, според правилото (што нажалост не можам да го цитирам зашто ми е изгубен правописот некаде по дома) мислам дека треба со Ш. Како и да е, во ред е, нека биде со С (барем за сега), ако се уверам дека треба со Ш, ќе доставам извори од каде сум се уверил, па ќе го смениме, нема никаква штета. Секако, и ГеШтапо да е пренасочено кон ГеСтапо, нема да е толку лошо. Поречанец 19:25, 24 август 2007 (UTC)