Работник (песна на Коле Неделковски)
„Работник“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од поетската збирка „Молскавици“, објавена во 1940 година, во Софија.
Анализа на песната
[уреди | уреди извор]Во песната е веќе силно изразен бунтовниот дух на авторот, кај кого сè повеќе се развива класната свест: тој не го гледа злото само во националната обесправеност на својот народ, туку злото лежи во капиталистичкото општество кое ги осудило работните луѓе, без оглед на тоа дали се национално слободни или не. Во тоа општество, работниците се осудени да живеат во „земници влажни“, а младоста им е завиткана во „црнина“. Во песната, авторот извикува: „Па доста сме, браќа / робје на векот!“ Наедно, тоа е одговорот на оние кои го дале животот за „братот роб“ при што поимот „роб“ има пошироко значење кај класно освестениот поет.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Тодор Димитровски, „Коле Неделковски (1912 — 1941)“, во: Коле Неделковски, Песни. Македонска книга, Скопје, 1967, стр. 10.