Прејди на содржината

Птици (слика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Птици
Творец Методија Ивановски
Година 1937
Димензии 57 см × 82 см
Место Народен музеј - Битола

Птици – слика од Методија Ивановски. Сликата е масло на платно, завршена во 1962 година со димензии 57 х 82 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.

На сликата „Птици“ се претставени птици во лет. Птиците се насликани од средината на сликата до нејзиниот краен дел од десно. Оваа слика е интересна по тоа што авторот не обрнувал внимание на точниот и реален изглед на птиците туку на нивниот лет. На сликата се претставени три птици во лет, а во горниот и долниот дел од десната страна има круг што би требало да го симболизира Сонцето, под тој круг е полукруг што би требало да ја претставува Месечината. Во долниот лев дел на сликата е претставена само глава и мал дел од горниот дел на птицата.[1]

Убавината на оваа слика е во слободата на изразувањето на авторот, избегнувајќи ги реалните детали за претставата на птиците, тој ни ја прикажува целосната динамика на летот, енергијата, начинот на слободното движење низ небото. Тоа го постигнува со малку елементи, главно со снажни и дебели линии. Целата слика е насликана со минимална употреба на повеќе бои, тоа се вика монохроматичност, што значи употреба на две до три бои кои во случајот се намерно така поставени за да може да доминира само чувството на динамиката и убавината на летот.[1]

Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј.[1]