Промискуитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џакомо Казанова беше познатo промискуитетен

Практикувањето на повеќе различни избори без многу размислување се означува како промискуитетност. Најчестата употреба на терминот е поврзана со сексуалносто однесување, каде што се однесува на личност која не го ограничува својот сексуален живот според општествените норми - само еден партнер, или во рамките на долготрајна моногамна сексуална врска. Значи, личноста која е склона кон често менување на сексуалните партнери може да се означи како промискуитетна. Поради ваквата популарност на терминот, овој прилог се однесува на сексуалниот промискуитет. Многу често не се обрнува внимание на фактот дека ваквите луѓе обично се многу пребирливи во изборот на своите сексуални партнери, иако се склони кон промискуитетно однесување.

Промискуитетноста е строго осудена од конзервативните религии на денешницата. Ама затоа пак одредени секти, култови и религиозни редови создаваат простор за промискутитетно однесување. Постојат историски докази за постоењето на античка проституција во стара Месопотамија, Грција и Рим.