Продавачката на љубичици (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Диви ангели (шпански: La Violetera) - шпанско-италијански филм од 1958 година, во режија на Луис Сезар Амадори (Luis César Amadori), според сценариото на Хезус Марија де Арозамена (Jesús María de Arozamena). Главните улоги ги играат: Сара Монтиел (Sara Montiel), Раф Валоне (Raf Vallone) и Френк Вилард (Frank Villard).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството се одвива во 1899 година. Соледад (ја игра Монтиел) е улична продавачка на љубичици во Мадрид. Таа го запознава аристократот Фернандо (го игра Валоне) и двајцата веднаш се заљубуваат, но нивната врска е загрозена од нивното различно социјално потекло. Фернандо е под постојан притисок на својот постар брат Алфонсо (го игра Вилард), кој го потсетува на неговите семејни должности во кои спаѓа и свршувачката со грофицата Магдалена. Сепак, Фернандо им се спротивставува на општествените норми и предизвикува скандал во високите кругови со тоа што ја сместува Соледад во раскошен стан и објавува дека наскоро ќе се ожени со неа. Тогаш, Алфонсо умира во двобој, обидувајќи се да ја одбрани семејната чест. Скршен од смртта на братот и со чувство на вина, Фернандо одлучува да ја прекине љубовната врска со Соледад...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]