Пријателот Џои (филм од 1957)
„Пријателот Џои“ (англиски: Pal Joey) - американски филм од 1957 година, во режија на Џорџ Сидни. Главните улоги ги толкуваат: Рита Хејворт, Ким Новак, Френк Синатра, Барбара Николс, Елизабет Патерсон, Боби Шервуд, итн. Филмот е снимен врз основа на популарен бродвејски мјузикл од раните 1950-ти, а неколку песни од филмот (Bewitched, Bothered and Bewildered, My Funny Valentine, Small Hotel и The Lady is a Tramp) станале големи хитови. Исто така, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории, додека Френк Синатра ја освоил наградата „Златен глобус“.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Џои Еванс е вредно, но романтично момче (го игра Синатра) кое сака да изгради нов ноќен клуб во Сан Франциско. Тој ги сака жените и штом ќе ја сретне наивната танчерка Линда (ја игра Новак), веднаш го обземаат искрени чувства кон неа. Меѓутоа, со цел да најде пари за новиот клуб, тој се дружи и со поранешната стриптизета Вера (ја игра Хејворт), која сега е богата вдовица и угледна госпоѓа.[2]