Привидна тежина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Привидна тежина е својство на телата според кое се одредува колку е тешко едно тело. Привидната тежина на едно тело ќе се разликува од тежината на друго тело, кога силата на гравитацијата нема да биде во рамнотежа, туку ќе биде во спротивност со некоја спротивно насочена нормална сила. По дефиниција, тежината на телото е еднаква по големина на силата на гравитација која дејствува на тоа тело. Ова значи дека дури и „бестежински“ астронаут во нискоземска орбита има скоро иста тежина како и кога би бил на површината на Земјата.

Предмет што лежи на земјата е предмет на нормалната сила притискана од земјата.Нормалната сила дејствува на границата на објектот кој е во контакт со земјата.Оваа сила се пренесува на телото.Грабитационата сила на секој дел од телото се балансира со стрес кој дејствува на тој дел.Безтежинскиот астронаут се чубствува како да нема тежина поради отсуството на овие тежински сили.Со дефинирање на просечната тежина на едно тело во нормална гравитација може да се долови ефектот на безтежински простор.Основна дефиницја е:'Силата на едно тело врши притисок на друго тело'.

Очигледната тежина може да се разликува кога објектот е целосно или делумно потопен во вода каде што постои течност која работи против силата на гравитација.Друг пример е тежината на предмет или лице при возење во лифт.Кога лифтот ќе се крева нагоре предметот почнува да ослободува сила во обратна насока.Ако се употребува скала ќе се примети дека тежината на предметот ќе се зголеми заради обратната сила,менувајки ја просечната тежина.

Улогата на просечната тежина е исто така важна во флуидизацијата,кога се работи со голем борј честички кои треба да се надминат со цел деловите(честичките) да се издигнат и флуидизацијата да се случи.

Наводи[уреди | уреди извор]